„Изразеното сочувство за еден убиец претставува најголемо предавство против човештвото“

Премиерот Давутоглу истакна дека учеството на сочувството за еден убиец кој ги убива невините луѓе, доставеното сочувство како почит на тој убиец, претставува најголемо предавство против човештвото

438188
„Изразеното сочувство за еден убиец претставува најголемо предавство против човештвото“

Премиерот Ахмет Давутоглу во својата порака преку социјалната мрежа Твитер остро реагираше на посетата на пратеничката на Демократската партија на народите (ХДП) од Ван на шаторот за сочувство поставен во градот Ван за терористот за кого се тврди дека го реализирал терористичкиот напад во Анкара во кој животот го загубија 29 лица.

Давутоглу истакна дека учеството на сочувството за еден убиец кој ги убива невините луѓе, доставеното сочувство како почит на тој убиец, претставува најголемо предавство против човештвото.

Премиерот Давутоглу во својата порака привлече внимание дека партијата која претендира за Турција во целина не го стави својот потпис на декларацијата за заеднички став против тероризмот која што ја потпишаа останатите три политички партии под покривот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ).

Потсетувајќи дека освен тоа што не можат да го осудат тероризмот еден пратеник на Демократската партија на народите (ХДП) беше во посета на шаторот за сочувство за терористиот кој посегна по животот на невините граѓани, Давутоглу рече: „Учеството за изразување на своето сочувство за еден убиец кој ги убива невините луѓе, доставувањето на своето сочувство како почит на тој убиец, претставува најголемо предавство против човештво.“

Премиерот Давутоглу напомена дека Турција нема да западне во играта на оние кои се во потрага по создавање на етничка поларизација и оние кои немаат почит кон жалоста на турскиот народ.

„На оваа географија најголем пријател и на Туркменците, и на Курдите, и на Арапите е Турција. И историјата, и народот се на наша страна.“ - рече премиерот Ахмет Давутоглу.



Слични вести