„Турција со својот став по прашањето со Сирија го спаси човечкото достоинство“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција со ставот што го презентира по прашањето со Сирија го спаси човечкото достоинство

437887
„Турција со својот став по прашањето со Сирија го спаси човечкото достоинство“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на отворањето на шестиот Форум за партнерство на високо ниво со Сомалија што се одржува во Истанбул.

Ердоган истакна дека Турција со ставот што го презентира по прашањето со Сирија го спаси човечкото достоинство.

Нагласувајќи дека Сирија која е влезена во петтата годишнина од граѓанската војна денеска е во положба на земја која извезува тероризам, претседателот Ердоган укажа на тоа дека хаосот во оваа земја обезбедува простор за јакнење на терористичките организации како што се ДЕАШ, Ал Нусра, ПЈД и ЈПГ.

Ердоган рече: „Ние како Турција 30 години како водиме борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Во нашите очи меѓу терористичките организации нема никаква разлика. Не правевме и не правиме било каква разлика меѓу терористичките организации како што се Еш-Шебаб, ДЕАШ, Ал-Нусра, ПКК, ПЈД или ЈПГ.“

Велејќи дека веќе сите земји треба да презентираат заеднички и принципиелен став против земјите кои го поддржуваат тероризмот, Ердоган напомена дека употребувањето по ова прашање на изрази како што се меѓутоа или но, одењето на поделба на „добар и лош терорист“, неприфаќањето на претходно уочената врска меѓу терористичките организации, значи поддржување на тероризмот.

Претседателот Ердоган истакна дека досега поради граѓанската војна во Сирија животот го загубија над 400 илјади луѓе, а 12 милиони луѓе беа принудени да ги напуштата своите домови.

Ердоган потсети дека Турција е домаќин на над 3 милиони бегалци беа притоа да прави било каква разлика поради нивната јазична, верска или етничка припадност.

„Турција со овој нејзин став во прашањето со Сирија стана глас на глобалната совест и го спаси човечкото достоинство. Ние ова не го правиме поради одреден интерес или други пресметки, туку го правиме целосно како потреба на нашиот хуман став. Меѓутоа состојбата веќе е излезена од товар кој што Турција би можела да го сноси самата, со сопствени можности.“ - рече Ердоган.

Привлекувајќи внимание дека во последно време сирискиот режим и земјите од чија страна се поддржува ги засилија воздушните напади во северниот дел на Сирија, а пред се во регионот на Алепо и туркменското подрачје, Ердоган подвлече дека само во последните 10 дена животот го загубија повеќе од 600 невини луѓе од кои повеќето цивили.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека Турција во оваа средина на судири е земја која се соочува со опасност од нов бегалски бран на својата граница.



Слични вести