Владина седница под претседателство на претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган претседава со Владината седница која се одржува во претседателската палата во Бештепе

436970
Владина седница под претседателство на претседателот Ердоган

Во претседателската палата во Бештепе започна владината седница со која претседава претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган.

На состанокот се разговара за чекорите кои што ќе бидат преземени по кукавичкиот терористички напад минатата недела на 17 февруари во среда вечер во Анкара во кој животот го загубија 28 лица, а 61 лице беа повредени.

Главна точка на дневниот ред е патната карта што ќе ја следи Турција против терористичките организации ПЈГ-ЈПГ и сите терористички групи во Сирија. Ќе бидат поставени на маса политиките кои што ќе се следат во меѓународните организации и во рамките на меѓународното право.

Освен тоа меѓу точките на дневниот ред се наоѓаат и операциите кои што се водат против терористичката организација ПКК.

На состанокот ќе биде направена проценка и на случувањата во Сирија, последната состојба во економијата и процесот за полноправно членство на Турција во ЕУ.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по преземањето на претседателската должност првата Владина седница ја свика на 19 јануари во 2015 година и досега претседаваше со 4 Владини седници.

Претседателот Ердоган за последен пат на 14 декември 2015 година приреди вечера во чест на членовите на Владата.

Владината седница под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган започна во 11:25 часот според турско време.



Слични вести