Премиерот Давутоглу го соопшти Туристичкиот акционен план за 2016 година

Премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека на туристичките агенции кои ќе донесат туристи во Турција ќе им се обезбеди поддршка во кредит во износ од 18 илјади турски лири (приближно 6 илјади долари) до 100 милиони турски лири (приближно 35 милиони долари) по

437139
Премиерот Давутоглу го соопшти Туристичкиот акционен план за 2016 година

Премиерот Ахмет Давутоглу ги соопшти поттикнувачките мерки кои ќе бидат дочекани со задоволство од страна на работниците во туристичкиот сектор кои беа најмногу подложени на негативното влијание на присутната затегнатост со Русија.

Давутоглу истакна дека на туристичките агенции кои ќе донесат туристи во Турција ќе им се обезбеди поддршка во кредит во износ од 18 илјади турски лири (приближно 6 илјади долари) до 100 милиони турски лири (приближно 35 милиони долари).

Премиерот Давутоглу рече: „Никој да не помисли дека поради огнениот обрач околу нас ќе бидеме затворени во себе. Турција е отворена земја за светот. Ниту една црна пропаганда нема да доведе до дискредитирање на Истанбул, Ајдин, Бурса и Мардин кои се зеница во окото на светот.“

Како што соопшти премиерот Ахмет Давутоглу согласно Туристичкиот акционен план за 2016 година составен од 9 точки на туристичкиот сектор ќе му се обезбеди неповратна поддршка од 255 милиони турски лити (приближно 85 милиони долари), а исто така ќе биде одложено плаќањето и на долговите на туристичките работници во износ од 284 милиони турски лири (приближно 95 милиони долари).

Согласно акциониот план на туристичките фирми кои ќе донесат туристи во Турција ќе им се достави финансиска поддршка за секој лет. На туристичките агенции од „А“ група ќе им се обезбеди поддршка од 6 илјади долари за секој лет.

Друга значајна точка на акциониот план е обезбедувањето на поддршка во кредит за туристичките агенции кои ќе донесат туристи во земјата. Владата на туристичките агенции кои ќе донесат најмалку 400 илјади туристи ќе им обезбедат гредит во износ од 100 милиони турски лири (приближно 35 милиони долари).

Освен тоа кредитите долговите на секторот ќе бидат реструктуирани.

Плаќањата на кириите за 2016 година за туристичките објекти изнајмени од страна на Министерството за култура и туризам ќе бидат поделени на три еднакви рати.

Ќе биде ставена во примена законската регулатива во врска со пристаништата, јатските пристаништа, крајбрежјата, скелите и сл. Сертифицираните објекти за морски туризам исто како и туристичките објекти ќе можат да добијат субвенции од Министерството за економија.

Објектите за морски туризам ќе бидат третирани како извозници. Предходно бараниот услов за 1 милион долари се намалува на 750 илјади долари.

На тој начин фирмите ќе можат да добиваат кредити од Ексимбаната и ќе бидат ослободени од такси и давачки.

За еколошко чувствителните туристички објекти цените за вода, отпадна вода и цврст отпад ќе се применува најниска тарифа.



Слични вести