Во терористички напади во Ширнак и Дијарбакир животот го загубија тројца војници

Во реализирани напади од страна на припадници на терористичката ПКК животот го загубија тројца војници

436800
Во терористички напади во Ширнак и Дијарбакир животот го загубија тројца војници

За време на операциите на безбедносните сили против терористичката организација ПКК во градовите Ширнак и Дијарбакир животот го загубија тројца војници.

Во реализиран напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација во населеното место Идил во округот Ширнак животот го загуби еден војник.

Во отворен оган од страна на терористите во населеното место Сур во округот Дијарбакир пак беа ранети тројца војници.

Ранетите војници беа префрлени на лекување во болница, но и покрај сите напори на лекарите двајца војници им подлегнаа на раните и го загубија животот.

Лекувањето на едниот војник продолжува.

Во меѓувреме животот го загуби и војникот кој беше ранет во терористички напад во населеното Лиџе во округот Дијарбакир пред 3 дена и се наоѓаше на лекување во болницата на Воената медицинска академија Ѓулхане (ГАТА) во Анкара.




Слични вести