Вие сте херои на беспоштедна борба и заслужувате шехадет

Ви честитам за големата храброст и силен отпор во борбата против сепаратистичко терористичката организација

434252
Вие сте херои на беспоштедна борба и заслужувате шехадет

Во период кога продолжува ефикасната борба против тероризмот, претседателот Реџеп Тајип Ердоган со посетата на Командата на специјалните единици на жандармеријата во Ѓуверџинлик и специјалните единици при Генералната дирекција на полицијата во Ѓолбаши оствари уште една новина.

Ердоган со хеликоптер од претседателскиот дворец пристигна во седиштето на групната команда на жандармеријата каде што беше пречекан од страна на командантот на жандармеријата генерал на армија Галип Менди, штабниот началник на командата на жандармеријата генерал-полковникот Ибрахим Јашар и командантот на касарната генерал-полковникот Ата Калкан.

Во говорот што го одржа во оваа прилика претседателот Ердоган особено им честита на специјалните единици на жандармеријата кои покажаа голема храброст и силен отпор во борбата против сепаратистичко терористичката организација која од јули наваму продолжува со терористичките акции.

Мојата поддршка и молитви се секогаш покрај вас, рече претседателот Ердоган и продолжи:

Ја користам оваа прилика уште еднаш искрено и од се срце да ви честитам за вашата настојчивост и успешност во борбата против замките на терористичката организација како и ставот што не дозволивте државата да го изгуби својот авторитет пред граѓаните во регионот и во меѓународната заедница. Вие навистина заслужувате секаква почити бидејќи водите беспоштедна борба против терористите. Во свое лично име и во име на државата и целиот народ изразувам посебна благодарност до сите вас. Вие сте херои на беспоштедна борба и заслужувате шехадет.



Слични вести