Од Куртулмуш во САД и Русија: Ако сте искрени повелете одете заедно во ОН

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш ги повика САД и Русија ако се искрени да одат заедно во ОН и да прогласат зона на забранети летови во Сирија

433932
Од Куртулмуш во САД и Русија: Ако сте искрени повелете одете заедно во ОН

Потпретседателот на Владата и владин портпарол Нуман Куртулмуш по вчерашната владина седница даде изјави во врска со актуелниот дневен ред.

Куртулмуш истакна дека се преземени сите видови мерки за одбрана на сите национални интереси на Турција и дека се направени сите подготовки по ова прашање.

„Меѓутоа ние нема да дозволиме Турција да се впушти во никаква авантура со неизвесен крај.“ - рече Куртулмуш.

Велејќи „Посакувам јавноста да биде спокојна“, Нуман Куртулмуш подвлече дека Турција нема да постапи онака како што бараат лобите за војна и ќе продолжи да ја споделува со светската јавноста перспективата која ќе го обезбеди мирот во регионот.

Потсетувајќи на вчерашните реализирани напади врз болница и места населени со цивили во подрачјето на Азез во северниот дел на Сирија, Куртулмуш нагласи дека нападите кои што се реализираат на места кои треба заеднички да се бранат треба да бидат поставени на дневен ред на Советот за безбедност на ОН.

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш упатувајќи повик и до САД и Русија рече: „Ако доколку од една страна во Швајцарија и Германија ги поставувате масите за мир и искрено се надевате дека ќе постигнете одреден резултат на тие маси, повелете во ОН, прогласете зона на забранети летови и во најмала рака веднаш спречете ги нечовечните димензии на војната и зајакнете ја раката на масата на мирот.“

Напоменувајќи дека претставува противреченост тоа што оној кој располага со сила во ОН откако ја подготвува основата за вршење на секој вид масакр потоа ја поставува и масата на мирот, Нуман Куртулмуш рече: „Укинувањето на оваа противреченост е неопходно и за зачувување на угледот на ОН. Ние како Турција со отворено срце го изнесуваме и тоа. Ги потсетуваме и САД и Русија за оваа нивна историска одговорност. Не дај боже ако овој проблем не може да се реши, ако се остане индиферентен во оваа смисла и ако меѓународната јавност не може да го долови мирот по прашањето на Сирија отворено стои дека овдешните судири ќе бидат предвесник на многу подолги судири.“



Слични вести