Куртулмуш: Во терористичкиот напад животот го загубија 28 лица

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека во терористичкиот напад во Анкара животот го загубија 28 лица, а 61 лице беа повредени

434663
Куртулмуш: Во терористичкиот напад животот го загубија  28 лица

Вицепремиерот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш се појави пред камерите и информираше во врска со терористичкиот напад на конвојот воени сервис возила-автобуси во Анкара, веднаш во непосредна близина на Генералштабот каде што се наоѓаат и други значајни државни институции.

Куртулмуш истакна дека согласно информациите со кои што се располага во моментов, во терористичкиот напад реализиран со возило-бомба животот го загубија 28 лица, а 61 лице беа повредени.

Велејќи дека меѓу загинатите има и воени лица и цивили, Нуман Куртулмуш рече: „По 3 минути од моментот на експлозијата на местото на настанот беа испратени 32 амбулантни коли со кои повредените веднаш беа префрлени во болница. Освен то за кусо време местото на настанот беше земено под безбедносен обрач и од страна на 7 јавни обвинители беше започната истрага за обелоденување на случајот со сите детали.“

Потпретседателот и портпарол на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Овој подол, кукавички и гнасен напад е реализиран против нашиот честит народ. Ги проколнуваме извршителите на овој напад. Сите наоди се испитуваат со внимателност. Засега не располагаме со податоци од чија страна е извршен овој напад. За најскоро време ќе биде откриено кој или кои стојат во позадината на нападот.“

Куртулмуш додаде дека оние кои го организираа овој кукавички терористички напад не ќе можат да ги постигнат своите цели.



Слични вести