„Зад ПКК и ДЕАШ се наоѓаат некои големи сили“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека зад терористичките организации како ПКК и ДЕАШ се наоѓа финансиската и политичката поддршка на некои големи сили

432975
„Зад ПКК и ДЕАШ се наоѓаат некои големи сили“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш во дадената изјава за време на посетата на градскиот огранок на АК Партијата во Коџаели истакна дека терористичките организации кои се вооружуваат со поддршка на разузнавачките служби на некои сили тогаш кога ќе им помине рокот на употреба ќе бидат фрлени во отпад.

Куртулмуш напомена дека зад терористичките организации како ПКК и ДЕАШ се наоѓа финансиската и политичката поддршка на некои големи сили.

Велејќи дека препреките и проблемите кои што се настојува да се постават и создадат меѓу народот во Турција никако нема да успеат, потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш рече: „Ние Турците и Курдите не живееме и не сме дојдени случајно на овие територии. Турција заедно ќе ги санира сите материјални и духовни штети и загуби предизвикани од терористичката организација. Од сите политички партии исто така очекуваме да се приклучат кон овој процес.“




Слични вести