Во операциите во Сур-Дијарбакир убиени уште 6 терористи

Во реализираните операции во населеното место Сур во округот Дијарбакир убиени уште 6 терористи

433063
Во операциите во Сур-Дијарбакир убиени уште 6 терористи

Во последните реализирани операции на безбедносните сили во населеното место Сур во округот Дијарбакир кои се во тек беа убиени уште 6 мина терористи.

Генералштабот ги сподели преку својата интернет страница последните информации во врска со текот на операциите во источните и југоисточните делови на земјата.

Според тоа во последните реализирани операции во населеното место Сур во округот Дијарбакир кои се во тек се убиени уште 6 мина припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во населеното место Џизре во округот Ширнак пак за време на активностите за пребарување беа запленети големи количини на оружје, муниција и пари.

Во реализираните претреси во некои домови во населеното место Ташличај во округот Агри беа фатени 7 мина соработници на терористичката организација.

Во населеното место Суруч во округот Шанлиурфа беа приведени двајца терористи припадници на терористичката организација ПЈД кои се обидувале од Сирија да преминат во Турција.



Слични вести