„Територијалниот интегритет на три земји е под закана на Русија“

Премиерот Ахмет Давутоглу изјави во Киев дека денеска територијалниот интегритет на три земји се наоѓа под закана на Русија и тоа Грузија, Украина и Сирија

433052
„Територијалниот интегритет на три земји е под закана на Русија“

Премиерот Ахмет Давутоглу кој престојува во еднодневна работна посета на Украина во Киев се состана со украинскиот премиер Арсениј Јатсенјук.

По средбата лице в лице двајцата премиери одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

На почетокот на прес-конференцијата премиерот Ахмет Давутоглу потсети дека за време на средбата со својот колега Јатсенјук Русија со балистичка ракета за која се смета дека е исфрлена од Каспиското Море погоди едно училиште и болница во населеното место Азез во северниот дел на Сирија и во нападот животот го загубија голем број цивили.

Истакнувајќи дека сирискиот режим, Русија и другите земји од чија страна се поддржува и терористичките организации а пред се ПЈД денеска во Сирија стануваат причина за вршење на голем број воени злосторства, Давутоглу рече: „Пред решението и пред разговорите со цел да се стекнат со придобивки на терен отворено го прекршуваат меѓународното право.“

Давутоглу истакна дека ниту еден елемент на турските безбедносни сили не е во Сирија и рече: „Турција стои покрај сирискиот народ, но никогаш не била окупатор во Сирија.“

„Денеска всушност територијалниот интегритет на три земји се наоѓа под закана на Русија и тоа Грузија, Украина и Сирија. Поради поддршката на Москва на Ерменија под закана де факто се наоѓа територијалниот интегритет и на Азербејџан.“ - рече Давутоглу.

Укажувајќи на тоа дека територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина се меѓу најосновните принципи за Турција, Ахмет Давутоглу рече: „Затоа ние Крим го сметаме како дел од Украина. Стоиме покрај Украина особено по прашањето на Крим кој во периодот на Советскиот Сојуз беше подложен на страдања. “

Украинскиот премиер Арсениј Јатсенјук и се заблагодари на Турција која застанува во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитетот на неговата земја и Донетс и Луганск ги оценува за украинска територија во борбата што ја води неговата земја пред руската агерсивност.

Осврнувајќи се и на тоа дека односите помеѓу двете земји во економската сфера се наоѓаат на мошне добар степен, Јатсенјук нагласи дека најзначајно прашање на нивниот дневен ред на неговата земја е и Договорот за слободна трговија со Турција.

Јатсенјук рече. „Ние му придаваме големо значење на придонесот на Турција кон украинската економија. Затоа посакуваме уште повеќе да бидат развиени нашите економски програми.“

Од друга страна на церемонијата на потпишување на низа меѓународни договори помеѓу Турција и Украина, на договорот за неповратна помош на Украина во сферата на здравството свој потпис ставија потсекретарот на министерството за здравство Ејуп Ѓумуш и амбасадорот на Украина во Турција Сергеј Корсунски.

Министерот за економија Мустафа Елиташ и украинската министерка за финансии Наталија Јареско пак ставија потпис на договорот за доделување кредит на Украина.

Премиерот Ахмет Давутоглу во рамките на своите разговори во Киев се состане и со украинскиот претседател Петро Порошенко и претседателот на Парламентот Володимир Гројсман, а исто така оствари средби и со лидерот на кримските Татари Мустафа Абдулџемил Киримоглу, претставниците на Турците Ахиска и на Гагаузите и со турските стопанственици кои делуваат во Украина.



Слични вести