„По Џизре во Ширнак при крај се операциите и во Сур во Дијарбакир“

Ефкан Ала истакна дека по населеното место Џизре во округот Ширнак при крај се и операциите против тероризмот во населеното место Сур во округот Дијарбакир

432641
„По Џизре во Ширнак при крај се операциите и во Сур во Дијарбакир“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала на состанокот на Комисијата за планирање и буџет во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) ги информираше пратениците во врска со последната точка до која е дојдено во операциите против тероризмот во источните и југоисточните делови на земјата.

Ала истакна дека по населеното место Џизре во округот Ширнак се завршени 95-отсто и од операциите против тероризмот во населеното место Сур во округот Дијарбакир.

„Се надевам дека наскоро ќе добиеме позитивни резултати и таму“. - рече министерот Ефкан Ала.

Информирајќи дека досега во вкупно 7 населени места и тоа Силван, Варто, Дерик, Даргечит, Сур, Џизре и Силопи се кренати и затрупани 2.040 барикади и ископани ровови, Ала напомена дека освен тоа во подрачјето се уништени 2.313 бомби и се запленети 830 броја автоматско оружје, 47 минофрлачи, 645 минофрлачки гранати, 1.000 експлозивни уреди од рачна изработка, 431 рачна бомба и 98.000 парчиња муниција.

Министерот Ефкан Ала рече дека во 3 населени места продолжува да се применува забрана за излегување на улица и нагласи дека по населеното место Џизре во округот Ширнак е дојдено при крај и во операциите во населеното место Сур во округот Дијарбакир.

Ала ги сподели најновите податоци и во врска со Сиријците кои се згрижени.

Велејќи дека досега се регистрирани вкупно 2 милиони 655 илјади 456 бегалци од Сирија, министерот за внатрешни работи Ефкан Ала истакна дека 41-отсто од овие лица се под 20 годишна возраст за кои пак се развиваат различни проекти.




Слични вести