Давутоглу и Меркел разговараа за последните случувања на сириската граница

Давутоглу истакна дека ПЈД/ЈПГ во Сирија, која е продолжеток на терористичката организација ПКК реализира напади против Азез и Тел Рифат и дека заедно со овие напади се поттикнува нов бегалски бран не само кон Турција туку и кон ЕУ

432577
Давутоглу и Меркел разговараа за последните случувања на сириската граница

Премиерот Ахмет Давутоглу синоќа оствари телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел со која разменија информации во врска со последните случувања на сириската граница.

Премиерот Давутоглу во телефонскиот разговор истакна дека ПЈД/ЈПГ во Сирија, која е продолжеток на терористичката организација ПКК реализира напади против Азез и Тел Рифат и дека заедно со овие напади се поттикнува нов бегалски бран не само кон Турција, туку и кон ЕУ.

Велејќи дека Турција нема да ги дозволи агресивните активности на ПЈД, Давутоглу рече: „Нашите безбедносни сили и го дадоа и ќе продолжат да го даваат потребниот одговор на ПЈД/ЈПГ.“

Освен тоа во телефонскиот разговор помеѓу премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел стана збор и за билатералната соработка помеѓу Турција и Германија во сферата на борбата против илегалната миграција и мултилатералната интензивна соработка во рамките на ЕУ.




Слични вести