Турција по втор пат ги гаѓаше позициите на ЈПГ

Турските вооружени сили денеска по втор пат ги гранатира позициите на терористичката организација ЈПГ во северниот дел на Сирија и притоа загинале двајца терористи на ЈПГ

432368
Турција по втор пат ги гаѓаше позициите на ЈПГ

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека турските вооружени сили денеска по втор пат ги гранатираше позициите на терористичката организација ЈПГ во северниот дел на Сирија и дека притоа во гранатирањето загинаа двајца терористи на ЈПГ.

По огнот отворен од страна на силите на ЈПГ врз базата Акчабаглар во подрачјето на Маранас во југозападниот дел на градчето Азез кај Алепо Турските вооружени сили по вчера во вечерните часови ги погодија позициите на ЈПГ во Сирија, инаку огранок на терористичката организација ПКК.

Освен тоа во вечерните часови беше отворен оган и од страна на силите на режимот на Асад врз областа на пограничната караула Чалибогази кај градот Хатај, на што исто така беше одговорено со топовски оган од страна на Турските вооружени сили.

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган огнот отворен од страна на турската артилерија врз позициите на ЈПГ го оцени со зборовите „Претставуваше закана, го направивме неопходното.“

Нагласувајќи дека Турција не е земја која ќе ги следи случувањата со вкрстени раце, Акдоган рече: „Ако станува збор за закана повторно ќе ги бомбардираме.“



Слични вести