Продолжуваат операциите во источните и југоисточните делови на земјата

Генералштабот преку својата интернет страници ги сподели податоците во врска со последните реализирани операции во борбата против тероризмот

432465
Продолжуваат операциите во источните и југоисточните делови на земјата

Продолжуваат операциите на безбедносните сили во рамките на борбата против тероризмот во источните и југоисточниот дел на земјата.

Генералштабот преку својата интернет страници ги сподели податоците во врска со последните реализирани операции.

Според тоа од една куќа во населеното место Џизре во округот Ширнак бил отворен оган врз безбедносните сили и во вооружената престрелка до која дошло биле убиени 3 терористи.

Во истото населено место биле фатени и двајца терористи.

Освен тоа за време на ативностите за пребарување во 6 згради биле пронајдени мртвите тела на 31 терорист за кои се смета дека биле убиени за време на операциите.

Операциите на безбедносните сили подолжуваат и во населеното место Сур во округот Дијарбакир. Во рализираните операции во ова населено место како последно беа убиени 6 мина терористи, а беа запленети и една ловечка пушка и еден генератор.

Во операциите беа уништени и 6 експлозивни уреди од рачна изработка.

Во меѓуѕвреме во градот Мардин беше фатен еден припадник на терористичката организација кој се обидувал да подготви експлозивен уред од рачна изработка.



Слични вести