Премиерот Ахмет Давутоглу во посета на Украина

Премиерот Ахмет Давутоглу денеска престојува во еднодневна посета на Украина во чии рамки ќе оствари низа средби и разговори

432506
Премиерот Ахмет Давутоглу во посета на Украина

Премиерот Ахмет Давутоглу отпатува во еднодневна работна посета на Украина.

Давутоглу во рамките на своите разговори во Киев ќе се состане со украинскиот претседател Петро Порошенко, претседателот на Парламентот Володимир Гројсман и премиерот Арсениј Јатсенјук.

Освен тоа премиерот Давутоглу ќе се состане и со лидерот на кримските Татари Мустафа Абдулџемил Киримоглу, со претставниците на Турците Ахиска и Гагаузите и со турските стопанственици кои делуваат во Украина.

За време на оваа еднодневна работна посета детално ќе бидат разгледани односите помеѓу двете земји во склопот на стратешкото партнерство.



Слични вести