Извештај од турската полиција за тесната врска помеѓу ПЈД и ПКК

Извештајот составен од 55 страници каде што со изнесување докази се објаснува дека кадрите на ПЈД директно се кадри на терористичката организација ПКК беше испратен до американскиот државен секретаријат

432451
Извештај од турската полиција за тесната врска помеѓу ПЈД и ПКК

По изјавата на САД дека ПЈД не ја оценуваат за терористичка организација турската полиција подготви извештај.

Извештајот составен од 55 страници каде што со изнесување докази се објаснува дека кадрите на ПЈД директно се кадри и на терористичката организација ПКК, беше испратен до американскиот државен секретаријат.

Во извештајот им се одделува место на вооружените, политичките и дипломатските активности на ПЈД во курдските области во северниот дел на Сирија во близина на границата со Турција.

Стои информацијата дека функционерите на ПЈД претходно беа челници на ПКК на планината Кандил, а исто така се внесени детални податоци и во врска со ЈПГ, вооруженото крило на ПЈД.

Во извештајот се објаснува дека ПЈД е формирана во 2003 година по лична наредба на терористичкиот водач Абдулах Оџалан.

Се изнесуваат докази дека ПЈД која е формирана на 17 октомври 2003 година е во тесна врска и со агентите на сириската тајна служба Ал Мухабарат, дека организациската структура на ПЈД во Сирија е иста со моделот на организираност на терористичката организација ПКК и дека два од штабовите на ПЈД се наоѓаат во Духок и на планината Кандил.

Во извештајот стои дека според изјавите на фатени терористи или терористи кои се предале, помеѓу ПЈД и режимот на Асад е постигнат таен договор и дека според истиот контролата на курдската област на нулта границата со Турција целосно и е отстапена на ПЈД, а потоа е формирано нејзиното воено крило ЈПГ.

Се истакнува дека ПКК под изговор дека се повлекува од Турција почнувајќи од 2013 година приближно 2 илјади свои вооружени терористи ги испрати во северниот дел на Сирија и дека ЈПГ ја држи контролата во Римелан каде што се наоѓаат нафтени лежишта.

Во извештајот исто така се укажува на тоа дека за некои терористи на ПЈД-ЈПГ кои им се предале на турските безбедносни сили или биле фатени при префрлување преку турско-сириската граница било установено оти претходно биле во планинските кадри на терористичката организација ПКК.




Слични вести