За решавање на бегалската криза треба поактивна соработка

Турција не ќе може да прими уште 2 до 3 милиони бегалци

431875
За решавање на бегалската криза треба поактивна соработка

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека бегалската криза е глобален проблем поради што за изнаоѓање решение треба да се воспостави многу поблиска и поактивна соработка меѓу земјите.

Во говорот на панелот во Минхен со кој претседаваше дописничката Кристијана Аманпур на CNN, министерот Чавушоглу рече дека допринесот на НАТО во Егејското море го оценуваме за позитивен чекор потенцирајќи дека Турција ќе соработува со Германија и Грција на тоа поле.

Турција ги прифаќа бегалците кои ги фаќа на својата страна па дури ги спасува и оние на карпестите возвишенија или островчиња кои се дискутабилни, рече министерот Чавушоглу. Турција освен околу 2.5 милиони бегалци од Сирија и 200 илјади од Ирак, во последните денови прифати уште 10 илјади лица.

Во рамките на активностите што ги презема Турција во врска со сириските бегалци, ние им дадовме дури дозволи за работа, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека Турција ќе продолжи со политиката на отворена врата.

Но исто така треба да се земе во предвид фактот дека Турција не ќе може да прими уште 2 до 3 милиони бегалци. Тоа никој не може да го направи, рече министерот Чавушоглу потенцирајќи дека руските воздушни напади го зголемуваат нивото на миграции во Турција.

Русија продолжува да ги гаѓа цивилните цели во Сирија како што се училиштата и болниците, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека за решавање на бегалската криза, ЕУ треба да го сподели товарот.



Слични вести