Ставот дека ПЈД не е терористичка организација е најголем удар

Ако некој каже дека ПКК е терористичка организација, а ПЈД не била и покрај сите разузнавачки информации што ги поседуваме, тогаш сме принудени да ја преиспитаме искреноста

430640
Ставот дека ПЈД не е терористичка организација е најголем удар

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека бранењето на ставот дека ПЈД не е терористичка организација претставува најголем удар кој може да се зададе на борбата против тероризмот.

Во рамките на официјанта посета на Холандија, премиерот Давутоглу на сите оние кои што го изнесуваат и бранат ставот дека ПЈД не била терористичка организација, рече:

Ако некој каже дека ПКК е терористичка организација, а ПЈД не била и покрај сите разузнавачки информации што ги поседуваме, тогаш сме принудени да ја преиспитаме искреноста.

На дневниот ред на премиерот Давуртоглу се најде и Сирија.

Давутоглу остро реагираше на барањето на ОН за отворање на границите на Турција и ставот кон Сирија.

Турција никогаш не ги затвори своите граници. На средините кои на Русија не можат да и кажат да прекине со нападите, а од друга страна имаат лице да се свртат кон Турција и да препорачаат да ги отвориме границите, сметам дека се лицемерни. Меѓународната заедница одговорноста за немоќноста не може да ја препише на сметка на Турција.

Приоритет на Турција е сместување на Сиријците во камповите во Сирија, поради што се формираат нови кампови, рече премиерот Давутоглу.

Турција ќе продолжи со прифаќањето на сириските бегалци, но исто така нема да дозволи да дојде до промени во демографската рамнотежа по должината на турската граница со Сирија, исто како што не сакаме да дојде до промени и во демографската структура на Сирија.

Во изјавата за печатот во рамките на Организацијата за забрана на хемиското оружје во Холандија, премиерот Давутоглу рече дека одредени разузнавачки извештаи покажуваат дека во Сирија сеуште постојат складишта за хемиско оружје, кои претставуваат голема опасност за сирискиот народ кој пет години е изложен на голема човечка трагедија.

Во рамките на посетата на амбасадата на РТ во Хаг, премиерот Давутоглу го посети споменикот на Ахмет Бенлер, синот на амбасадорот Оздемир Бенлер кој загина во нападот на терористичката организација АСАЛА во 1979 година.

Во вечерните часови премиерот Давутоглу се состана со претставниците на турските асоцијации и здруженија во Холандија и упати апел за помош на Сиријците.



Слични вести