Напади на седиштата на весниците Јени Шафак и Акит во Истанбул

Во нападите нема загинати или повредени

430800
Напади на седиштата на весниците Јени Шафак и Акит во Истанбул

Во Истанбул беше извршен вооружен и напад со молотови коктели на седиштата на весниците Јени Шафак и Акит.

Синоќа од страна на непознати лица беше отворен оган и беа фрлени молотови коктели врз седиштето на весникот Јени Шафак во населбата Бајрампаша.

Пожарот што избувна како последица на молотовите коктели беше угаснат за кратко време од страна на безбедносните сили.

Врз седиштето на весникот Акит во Халкали беше отворен оган со пушка сачмарка и беа фрлени молотови коктели.

Во нападите нема загинати или повредени.



Слични вести