Во Џизре убиени и таканаречени раководители на терористичката ПКК

Во операциите на безбедносните сили во населеното место Џизре во округот Ширнак беа убиени тројца таканаречени раководители на терористичката организација

430329
Во Џизре убиени и таканаречени раководители на терористичката ПКК

Во операциите кои продолжуваат во населеното место Џизре во округот Ширнак се убиени и неколкумина таканаречени раководители на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во операциите на безбедносните сили во населеното место беа убиени тројца таканаречени раководители на терористичката организација и тоа лицето Мустафа Д. познато со кодното име „Мамо“ од планинскиот кадар, Каниа О. со кодно име „Хавин“ и еден друг терорист со кодно име „Генерал“.

Во операциите им е нанесен тежок удар на членовите на терористичката организација од планинскиот кадар кои учествуваат во нападите во населеното место и се предвидува дека во досегашните операции биле убиени и таканаречените раководители на организацијата со кодни имиња „Агир“, „Доктор“ и „Дижвар“ или пак поради тоа што не одговарале на повиците преку токи-воки на планината Кандил се смета дека избегале.

Во меѓувреме бројот на вкупно убиени терористи во населеното место Џизре во округот Ширнак се зголеми на 597 и како што се истакнува дојдено е при крај во операцијата која што започна по прогласениот полициски час на 14 декември во ова населено место.

Во текот на операцијата беа кренати 678 барикади на кои беа поставени и експлозивни уреди од рачна изработка, а беа затрупани и 242 канали ископани од страна на припадниците на терористичката организација.

Од друга страна се тврди дека таканаречените водачи на терористите кои се приклештени во ќош од страна на безбедносните сили избегале во Нагорно Карабах кое се наоѓа под ерменска окупација.

Претседателот на Меѓународното здружение за борба против неоснованите ерменски тврдења (АСИМДЕР) Ѓоксел Ѓулбеј истакна дека Ерменија за да се стекне со предност припадниците на терористичката организација ПКК и други терористички организации ги сместува на окупираната азербејџанска територија Нагорно Карабах.

Ѓулбеј во изјавата за новинарите во зградата на здружението во главниот град на Азербејџан, Баку рече: „Ерменија овие територии кои ги окупира со поддршка на Русија им ги отвори на терористите кои бегаат од планината Кандил. Во Нагорно Карабах има и кампови за обука на терористичката организација. Властите во Ереван и дозволија на терористичката организација ова подрачје да го користи како база.“



Слични вести