Давутоглу ги прими претставниците на еврејските здруженија во САД
Премиерот Давутоглу синоќа во владиниот дворец на Чанкаја се состана со претставниците на американските еврејски здруженија и еврејската заедница
429880

Премиерот Ахмет Давутоглу ги прими претставниците на еврејските здруженија и еврејската заедница во САД.
Давутоглу синоќа во владиниот дворец на Чанкаја се состана со Стефан Гринберг, претседател на Националниот лидерски совет, која инаку е чадор организацијата на американските еврејски здруженија и со претседателите на американските еврејски здруженија.
На приемот присуствуваа и потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган и потпретседателите на АК Партијата Омер Челик и Фатма Бетул Каја.
Приемот се одржа зад затворени врати и траеше 1 час и 15 минути.
Слични вести

Чавушоглу престојува во посета на Унгарија
Љубовта кон човекот, културата на соживот и почитување на другиот. Тоа е приказната за Ѓул Баба!