Во судирите во Џизре кај Ширнак убиени над 60 терористи

Судирите кои избувнаа во операцијата траеја скоро цел ден

428746
Во судирите во Џизре кај Ширнак убиени над 60 терористи

Во судирите меѓу безбедносните сили и терористите во Ширнак кај Џизре беа убиени над 60 терористи.

Според безбедносни извори, вчера безбедносните сили извршија операција против терористите во Џизре.

Судирите кои избувнаа во операцијата траеја скоро цел ден.

Продолжуваат активностите за пребарување на безбедносните сили по судирите во Џизре.

Терористите во Ширнак со рачно направени експлозиви извршија напад врз безбедносната камера.

Во експлозијата беше уништена камерата, а исто така беа оштетени некои деловни простори во околината.

Во Вираншпехир кај Шанлиурфа беше притворено едно лице за кое постои сомневање дека ја снабдувал терористичката организација со молотови коктели.



Слични вести