Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во посета на Анкара

Сириското прашање и бегалската криза се останатите критични прашања

428834
Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во посета на Анкара

На разговорите на Меркел во рамките на посетата на Анкара се очекува да бидат се бегалската криза и односите меѓу Турција и ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел најпрвин ќе се состане со премиерот Ахмет Давутоглу.

По средбата со премиерот Давутоглу, канцеларката Меркел ќе биде примена и од страна на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган.

Меркел во дворецот Чанкаја ќе биде пречекана со високи државни почести.

На билатералните разговори се очекува да се најдат критични прашања.

Освен процесот на приемот на Турција во ЕУ, се очекува да се разгледа и последната состојба во турско-германските односи.

Сириското прашање и бегалската криза се останатите критични прашања кои се очекува да бидат разгледани на преговорите.

Посетата на Меркел на Анкара беше одлучена на Донаторската конференција за Сирија во Лондон.

Ова е трета посета на Меркел на Турција во последните 4 месеци.

Пред посетата на Анкара, Меркел преку видео снимка на интернет одговори на неколку прашања и рече дека европските земји се должни дел од бегалците во Турција да ги примат директно.

Во продолжение Меркел додаде дека треба да бидеме подготвени. Ако сакаме да го спречиме илеганиот бран на миграции и трговијата со бело робје, тогаш треба да примиме дел од бегалците. Европа не може да се изолира од овие случувања.

Заедничкиот акционен план кој беше потпишан со Турција, има витално значење за заштита на Шенгенската зона, рече Меркел и потенцираше:

Ако не можеме да ги заштитиме границите, тогаш основите на благосостојбата како што се слободното патување и заедничкиот пазар ќе бидат изложени на опасност.



Слични вести