Бајирбуџак Туркменците продолжуваат со борбата за опстанок

Бајирбуџак Туркменците во Сирија продолжуваат со борбата за опстанок во рамките на граѓанската војна и руските напади

428951
Бајирбуџак Туркменците продолжуваат со борбата за опстанок

Бајирбуџак Туркменците во Сирија продолжуваат со борбата за опстанок во рамките на граѓанската војна и руските напади кои зачестија во последно време.

Турција продолжува да ги отвора прегратките за Бајирбуџак Туркменците кои се во тешка ситуација.

За 12 те шлепери помош кои беа собрани во рамките на кампањата за собирање хуманитарна помош која беше организирана од страна на Здружението за помош Хајрат и Општината Денизли, беше одржана церемонија.

На церемонијата учествуваа министерката за семејство и социјални политики Сема Рамазаноглу и министерот за шумарство и водостопанство Вејсел Ероглу кои упатија пораки за единство и братство.

Министерката Сема Рамазаноглу рече дека судбината на географијата не може да се определи со крв и солзи.

Министерот Вејсел Ероглу посочи на значењето на хуманитарната драма во Сирија и рече дека тираните ќе бидат победени.

По молитвите кои беа учени, хуманитарната помош беше испратена за сириските Туркменци.



Слични вести