Трет телефонски разговор помеѓу Чавушоглу и Кери за една недела

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и американскиот државен секретар Џон Кери водеа телефонски разговор посветен на последните случувања во Сирија

428587
Трет телефонски разговор помеѓу Чавушоглу и Кери за една недела

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери.

Според добиени информации од дипломатски извори во телефонскиот разговор што бил остварен синоќа двајцата шефови на дипломатии Чавушоглу и Кери размениле мислења во врска со последните случувања во Сирија.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој го придружуваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на неговата турнеја по Латинска Америка, оствари телефонски разговори со својот американски колега Џон Кери и за време на посетите на главниот град на Чиле Сантијаго и главниот град на Перу Лима.




Слични вести