Куртулмуш: Турција располага со илјадници годишно искуство

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш истакна дека Турција е клучот на Блискиот исток, Кавказ, Балканот и исламската географија и дека располага со илјадници годишно искуство

428633
Куртулмуш: Турција располага со илјадници годишно искуство

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш беше гостин во телевизиската програма „Турќестанска агенда“ што се емитува на ТРТ Аваз и притоа направи проценка на развојот на односите меѓу Турција и турскиот свет.

Куртулмуш рече: „Турција е клучот на Блискиот исток, Кавказ, Балканот и исламската географија. Таа не се состои само од Република Турција, туку располага со илјадници годишно искуство. Нашите траги ги има ширум светот. Некои не сакаат Турција да стане моќна.“

На прашањето „Дали акутните проблеми во нејзиното поблиско опкружување и Блискиот исток доведува до изоставување на турскиот свет од страна на Турција“, Нуман Куртулмуш рече: „Фактички дури од април 2011 година сте сафатени со кризата во Сирија. Ги отворате вашите врати за приближно 2 милиони 700 илјади луѓе. Меѓу овие луѓе има Арапи,Туркменци, Курди, Језиди. Кој и да побара помош од вас вие му ја подавате вашата рака и го кревате на нозе. Поради тоа да точно е тоа дека Турција е сериозно зафатена со овие случувања на Блискиот исток. Турција останува приморена да сноси трошоци во износ од 8 милијарди долари, не останува и со тоа се соочува со еден меѓународен бегалски проблем, повторно не останува и со тоа поради политичката нестабилност во Сирија и Ирак се соочува со закана од тероризмот.“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш напомена дека во новиот период Турската радио-телевизија ТРТ ќе продолжи да ги зголемува своите способности и да врши значајна услуга кон турскиот свет.

Велејќи дека ТРТ е во атак, Куртулмуш рече: „ТРТ Ворлд гласот на Турција и на турскиот свет ќе го пренесува непристрасно и објективно до светот.“

Потпретседателот на Владата Нуман Куртулмуш потоа учествуваше на програмата за реализација на проектот во чии рамки под водство на Управата за елементарни непогоди и итни состојби АФАД за орална и стоматолошка здравствена контрола на 47 илјади сириски деца во Турција.

Куртулмуш од овде уште еднаш упати повик до меѓународната заедниза за чувствителност по прашањето на решавање на сирискиот проблем.

Нуман Куртулмуш рече: „Крајно е погрешно тоа што соработката на Турција со Западот по прашањето на сириските бегалци се оценува преку извесни пресметки со пари. Турција ниту има потреба од едно такво пазарење, ниту пак одредено такво прашање се наоѓа на нашиот дневен ред.“





Слични вести