„Граѓаните не можат да и бидат препуштени на терористичката организација“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала подвлече дека граѓаните не можат да бидат препуштени на иницијативата на терористичката организација

428385
„Граѓаните не можат да и бидат препуштени на терористичката организација“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала во Бурса одговараше на прашањата на новинарите при што истакна дека е постигнат мошне значаен напредок во борбата против тероризмот.

Ала рече: „Велам дека во населеното место Џизре треба да се постигне успех од 99-отсто па и повеќе. Треба да бидат затрупани ископаните канали, да бидат кренати барикадите и да бидат уништени поставените бомби. 95-отсто од тоа е постигнато. Остана уште малку време.“

Нагласувајќи дека постојат одредени препреки пред утврдените цели за Турција од страна на Владата и дека едната од нив е тероризмот, Ефкан Ала рече: „Посакуваме да ја кренеме терористичката препрека пред Турција и брзо да го продолжиме патот.“

Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала подвлече дека граѓаните не можат да бидат препуштени на иницијативата на терористичката организација.

„Ние ќе работиме под секој вид услови со демократско сфаќање и одлучна борба во склопот на правните правила. Граѓаните кои се принудуваат на иселување од таму сите ги испраќаме во нивните домови. Ќе им ги доставиме сите видови потреби, меѓутоа ќе им се наплати сметката со моќната рака на државата и на оние кои имаат оружје во својата рака и копаат канали.“ - рече Ала.



Слични вести