Успешно продолжува борбата против тероризмот

Владата ги исполни ветувањата кои им ги даде на турските гласачи кои живеат во Европа

427694
Успешно продолжува борбата против тероризмот

Министерот за евроинтеграции и главен преговарач Волкан Бозкир рече дека успешно продолжува борбата против тероризмот и дека наскоро областа ќе се исчисти од терористите.

Волкан Бозкир се состана со претставниците на турските заедници во Брисел.

На средбата, министерот Бизкир направи проценка на актуелните случувања и рече дека борбата против тероризмот ќе продолжи и крвта на јунаците кои загинаа, нема да остане на земјата.

Во рамките на операциите беа пронајдени и запленети тони експлозиви, голем број оружје и муниција, рече Бозкир и потенцираше дека веднаш по завршувањето на операциите, ќе започне процесот на социјална и економска помош.

Владата ги исполни ветувањата кои им ги даде на турските гласачи кои живеат во Европа и ја објави радосната вест во врска со подготовките за законските регулативи.

Во рамките на посетата на Брисел, министерот за евроинтеграции и главен преговарач Волкан Бозкир ќе одржи низа контакти со претставниците на Европската комисија.



Слични вести