Давутоглу во Мардин го соопшти Акциониот план

Премиерот Ахмет Давутоглу во градот Мардин го соопшти Акциониот план за борба против тероризмот и рехабилитација составен од десет точки

427936
Давутоглу во Мардин го соопшти Акциониот план

Премиерот Ахмет Давутоглу во градот Мардин ги соопшти деталите на Акциониот план за борба против тероризмот и рехабилитација.

Нагласувајќи дека ќе бидат санирани сите штети, Давутоглу рече: „На местото на пожарот ќе изградиме цветна градина“.

Премиерот Ахмет Давутоглу на Универзитетот „Артуклу“ говореше на конференцијата „Братски средби во Мардин“ и рече: „Владата прогласува сеопфатна социјална мобилизација. Ќе бидат санирани сите штети. Ќе му се достави поддршка на секое семејство одделно.“

Давутоглу им даде радосна вест на еснафите и на локалното население при што истакна дека ќе бидат одложени сите премии за осигурување и сите плаќања на земјоделците.

Истакнувајќи дека ќе бидат проширени надлежностите на локалните самоуправи, премиерот Давутоглу Акциониот план составен од 10 точки го соопшти со следните зборови:

„Првата точка е психолошкиот фактор. Целосно ќе ги укинеме разликите помеѓу народот и државата. Ќе биде воведен концептот на држава во чиј фокус ќе го има човекот.

Второ, ќе биде воспоставен јавниот поредок. Секој оној кој му се заканува на јавниот поредок ќе биде сопрен и спречен.

Третата точка на планот е обемниот демократски реформски процес. Ќе биде ставен во примена обемниот демократски реформски процес. Првенствено ние велиме да го измениме Уставот.

Четвртата точка на планот се состои од прогласување на сеопфатна социјална мобилизација за санирање на штетите предизвикани за време на борбата против тероризмот. Ќе бидат санирани сите штети. Ќе му биде доставена поддршка на секое семејство одделно.

Петто, регионлната економија која ја кренавме на нозе во текот на 13 години ќе биде уште повеќе зајакнета. Ќе ги компензираме загубите на нашите граѓани. Ќе бидат одложени сите плаќања на нашите земјоделци и на сите ќе им се додели поддршка во кредити. Тие знаат дека доколку се воспостави јавниот поредок и се постигне економски развој ќе дојде до просперитет и во регионот.

Шестата точка ќе се однесува на изградбата наново на регионот.

Во седмата точка ќе применуваме стратегија на ефикасна комуникација. Ќе бидат формирани оддели за комуникација против операциите на перцепција.

Осмата точка е проширување на надлежностите на локалните самоуправи, меѓутоа ќе бидат подложени на ефикасен надзор сите трошоци и нема да се дозволи да бидат злоупотребени овие овластувања.

Девет, соговорник веќе ќе биде самиот народ. Издадов директива за формирање на Советодавни собранија составени од угледни и еминентни личности.

Последната и десета точка на Акциониот план се однесува на започнување на обединувачки дух за акција кој ќе го опфати целиот Блиски исток.“










Слични вести