Ангела Меркел во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел на покана на премиерот Ахмет Давутоглу на 8 февруари во понеделник ќе допатува во работна посета на Анкара

427852
Ангела Меркел во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел на 8 февруари во понеделник ќе престојува во работна посета на Турција.

Според добиени информации од Владини извори германската канцеларка Ангела Меркел на покана на премиерот Ахмет Давутоглу на 8 февруари во понеделник ќе допатува во работна посета на Анкара.

Како што се дознава за време на посетата во склопот на процесот на близок дијалог кој што продолжува во рамките на постигнатиот компромис помеѓу Давутоглу и Меркел на остварената средба во Лондон, ќе стане збор за односите меѓу Турција и ЕУ, билатерални прашања и прашањето на илегалната миграција.




Слични вести