Претседателот Ердоган допатува во посета на Еквадор

Претседателот Ердоган утрово допатува во посета на Еквадор, третата и последна станица од неговата турнеја по Латинска Америка

427365
Претседателот Ердоган допатува во посета на Еквадор

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган по остварените посети на Чиле и Перу изутринава со специјалниот авион „ТУР“ допатува во посета на Еквадор, третата и последна станица од неговата турнеја по Латинска Америка.

Претседателот Ердоган на меѓународниот аеродром Марискал Сукре во главниот град Кито беше дочекан од страна на еквадорскиот министер за надворешни работи Рикардо Патино, амбасадорот на Турција во Еквадор Коркут Ѓунген и персоналот на амбасадата, како и други високи функционери.

Заедно со претседателот Ердоган во посета на Еквадор престојуваат и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за наука, индустрија и технологија Фикри Ишик, министерот за економија Мустафа Елиташ и министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, кои го придружуваат за време на оваа негова турнеја по три латиноамерикански земји.



Слични вести