„Русија не може да го прикрие нарушувањето на турскиот воздушен простор“

Премиерот Давутоглу истакна дека Русија не може да ги прикрие случаите на нарушување на воздушниот простор на Турција

426212
„Русија не може да го прикрие нарушувањето на турскиот воздушен простор“

Премиерот Ахмет Давутоглу во кралскиот дворец во Саудиска Арабија каде што престојуваше во официјална посета одржа конференција за претставниците на печатот на која се осврна на случаите на нарушување на турскиот воздушен простор од страна на Русија.

Давутоглу истакна дека Русија не може да ги прикрие случаите на нарушување на воздушниот простор на Турција.

Велејќи дека денеска ниту една земја во светот не е изолирана премиерот Давутоглу нагласи дека може точно да се утврди дали станува збор за случај на нарушување на воздушниот простор на било кое место во светот.

Давутоглу истакна дека рускиот воен авион во петокот го наруши турскиот воздушен простор и дека овој случај на повреда е утврден и од страна на радарските системи на НАТО и од страна на радарските системи на Турција.

Нагласувајќи дека Турција не мисли да за зголемува затегнатоста со Русија, Давутоглу рече: „Турција исто така секогаш ќе ја покаже и неопходната чувствителност по прашањето на одбраната на сопствениот воздушен простор. Уште еднаш ја предупредуваме Русија дека како штетата што ја причинуваат врз опозиционите елементи и умерената опозиција во Сирија, така и заканувачкиот став што го продолжува против турскиот воздушен простор не е во полза на Русија.“

Премиерот Давутоглу подвлече дека режимот кој врши масакр во Сирија и терористичката организација ДЕАШ која извршува варварски убиства се подеднакво виновни и рече: „Ние како Турција заедно и со Саудиска Арабија ќе ја продолжиме поддршката на умерената опозиција во Сирија.“

Давутоглу напомена дека Турција секогаш ќе продолжи да стои покрај умерената опозиција во Сирија и против терористичката организација ДЕАШ, сирискиот режим и странските сили кои се усмерени кон окупација на Сирија.

Објаснувајќи дека во рамките на остварените разговори со своите саудиски соговорници размениле мислења по прашањето на основните принципи на стратешкиот механизам за соработка на високо ниво и како ќе напредува овој механизам, Давутоглу рече: „Се надевам дека овој договор заедно и со последните активности ќе може да се потпише за време на престојната посета на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал-Сауд на Турција во април.“

Во сферата на економијата пак премиерот Ахмет Давутоглу истакна дека реализирале билатерални средби со приближно 30 значајни саудиски фирми и инвеститори кои реализираат најголеми инвестирања во светот.



Слични вести