„Новиот Устав треба да биде национален и домашен“

Претседателот Ердоган истакна дека новиот Устав треба да биде национален и домашен

425483
„Новиот Устав треба да биде национален и домашен“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган учествуваше на програмата на тема „Сите заедно за новиот Устав“ што се одржа во Трговската комора на Анкара, а во организација на Платформата за Устав на Турција.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа во оваа прилика истакна дека новиот Устав треба да биде национален.

Велејќи дека досега својата поддршка на повикот „Сите заедно за нов Устав“ ја дадоа приближно 300 граѓански организации, Ердоган напомена дека за кусо време оваа бројка ќе се зголеми уште повеќе.

Претседателот Ердоган нагласи дека лично верува оти поддршката на новиот Устав во целата земја воедно претставува повик и за единството на народот и го рече следното: „Новиот Устав не претставува прашање на било која институција или било кој поединец туку претставува прашање на самиот народ.“

Претседателот Ердоган својот говор го продолжи со зборовите: „Ова прашање е национално и домашно. Во секое прашање кое е национално и домашно ме има и мене како претседател на државата и тоа го велам отворено. Сите досега подготвени Устави се увезени и не се домашни. Бевме управувани со увезени производи и со нас владееја увезени мислења и логики. Сега треба да се вратиме кон домашното и националното.“



Слични вести