Преговарачката маса без Курдите ќе биде некомплетна

Турција е против седнувањето на истата маса на ЈПГ и ПЈД кои вршат зулуми врз Курдите

424921
Преговарачката маса без Курдите ќе биде некомплетна

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека преговарачката маса без Курдите ќе биде некомплетна, но исто така не треба да се заборави дека Турција е против седнувањето на истата маса на ЈПГ и ПЈД кои вршат зулуми врз нив.

Во говорот на седницата на пратеничката група на партијата во Собранието, премиерот Давутоглу рече дека сите сегменти на заедницата треба да имаат право на глас на мировните преговори за Сирија.

Давутоглу подвлече дека на преговорите за Сирија треба да седнат и Курдите, Арапите, Туркменците, сунитите, нусајритите (Арапските алавити), христијаните. Седнувањето на Курдите на преговарачката маса е неопходност. Преговарачката маса без Курдите ќе биде некомплетна. Турција остро се противи на седнувањето на истата маса на ЈПГ и ПЈД кои вршат зулуми врз Курдите, а не е против Курдите

Турција како земја која добро се раководи ќе изнајде сили да излезе од сите тешки ситуации и кризи. Покрај сите попречувања, Турција продолжува да ја гради иднината, рече премиерот Давутоглу и се осврна на дискусиите за предвремени избори.

Во својство на премиер на Турција, јасно и отворено сакам да го кажам следното: Турција на последните парламентарни избори на 1 ноември постигна демократска стабилност и од денес па натаму на дневниот ред на земјата не се наоѓаат предвремени парламентарни избори.



Слични вести