Остра реакција од премиерот Давутоглу на зборовите на Бајден

Премиерот Ахмет Давутоглу остро ги критикуваше зборовите на американскиот потпретседател Џо Бајден околу тоа дека „ПЈД треба да се држи одделно од терористичката организација ПКК“

424259
Остра реакција од премиерот Давутоглу на зборовите на Бајден

Премиерот Давутоглу во авионот на враќање од посетата на Германија одговараше на прашањата на новинарите и притоа остро ги критикуваше зборовите на американскиот потпретседател Џо Бајден дека „ПЈД треба да се држи одделно од терористичката организација ПКК“.

Давутоглу рече: „Можеби од Вашингтон се гледа така, но во Турција тоа не е така. Тоа што ПЈД води борба против ДЕАШ не ја елиминира вистината дека е терористичка организација.“

Американскиот претседател Џо Бајден вчера се состана со неколкумина пратеници при што во оваа прилика рече: „ПКК е терористичка организација и треба да го положи оружјето. Меѓутоа ПЈД треба да се држи одделно (од ПКК)“.

Во меѓувреме премиерот Ахмет Давутоглу ја критикуваше и средбата на американскиот потпретседател Џо Бајден вчера во Истанбул со само одредена група новинари.

Давутоглу рече: „Јас очекував да се состане и со блиските на загинатите во терористичките напади.“

Имено привлече внимание тоа што Џо Бајден вчера во Истанбул се состана само со новинари со мошне слични политички погледи меѓу кои имаше и новинари кои го поддржуваат Асад.

Така водечките колумнисти објавија заедничко соопштение во кое се вели следното: „Џо Бајден се состана само со личности со слични погледи, не обезбеди можност да бидат изнесени различни погледи и размислувања и со тоа го изостави од вид поголемиот дел од турските медиуми кои всушност се полифонични и колоритни.“



Слични вести