Ибрахим Калин: Терористичката ПКК не сака да го положи оружјето

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин, во својот напис за весникот „Дејли Сабах“ истакна дека процесот за решение заврши поради тоа што терористичката организација ПКК не сакаше да го положи оружјето

424260
Ибрахим Калин: Терористичката ПКК не сака да го положи оружјето

Портпаролот на претседателот на Републиката Реџеп Тајхјип Ердоган, Ибрахим Калин, во својот напис за весникот „Дејли Сабах“ напиша за тероризмот на ПКК во југоисточниот дел на Турција.

Калин истакна дека процесот за решение заврши поради тоа што терористичката организација ПКК не сакаше да го положи оружјето.

Нагласувајќи дека операциите во југоисточниот дел на земјата не се насочени против курдскиот народ туку против терористичката организација ПКК, Ибрахим Калин го напиша следното: „Онако како што ДЕАШ не го претставува исламот и тоа што борбата против тероризмот на ДЕАШ не значи објавување војна против муслиманите, така и ПКК не ги престтавува Курдите. Борбата против ПКК апсолутно не значи борба против нашите курдски граѓани. Во периодот кога господинот претседател ја извршуваше премиерската функција беа фрлени мошне значајни чекори и за доделување на културните права на нашите курдски граѓани и за развој на економијата во овој дел на земјата.“

Привлекувајќи внимание дека процесот за решение заврши поради тоа што терористичката организација ПКК не сакаше да го положи оружјето, Калин го истакна следното: „ И покрај повиците на Абдулах Оџалан и дадените ветувања за време на процесот ПКК се спротивстави да ги повлече своите вооружени припадници од Турција. Бидејќи ПКК не сака да го положи оружјето.“

Портпаролот на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во својот напис за весникот „Дејли Сабах“ истакна дека некои национални и меѓународни медиуми ги искривоколчуваат операциите на безбедносните сили против ПКК и ги повика истите настаните да ги објавуваат објективно и беспристрасно.

Калин напиша: „Некои медиуми инсистираат во тоа што го изоставуваат од вид тероризмот на ПКК и правото на државата за заштита на своите граѓани го прикажуваат како убивање на курдските граѓани. Со посредство на оваа слика која нема никаква врска со вистините и реалноста голем број лица погрешно се информираат.“

Ибрахим Калин во својот напис се осврна и на случувањата во Сирија и Ирак при што напомена дека ПКК и нејзините продолжетоци борбата против ДЕАШ ја користат како штит за затскривање на тероризмот што го вршат.



Слични вести