Давутоглу и Меркел: ДЕАШ претставува закана против човештвото

Премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел ја дадоа пораката дека терористичката организација ДЕАШ претставува закана против човештвото

424258
Давутоглу и Меркел: ДЕАШ претставува закана против човештвото

Премиерот Ахмет Давутоглу и германската канцеларка Ангела Меркел по остварената средба лице в лице одржаа заедничка конференција за печатот и притоа и двајцата лидери ја дадоа пораката дека терористичката организација ДЕАШ претставува закана против човештвото.

Премиерот Давутоглу истакна дека Турција и Германија се подготвени да водат заедничка војна против оваа закана секаде, во Ирак, Сирија, Турција и во Германија.

Правејќи проценка на операциите кои што се водат против терористичката организација ПКК, Давутоглу подвлече дека борбата што се води апсолутно се реализира во рамките на правилата на една демократска и правна држава.

Премиерот Давутоглу рече: „Борбата што се води е борба насочена само против терористичките групи и борба со која се настојува да се спречи заканата на истите терористички групи против спокојството на земјата.“

Привлекувајќи внимание дека терористичката организација во последно време особено добивајќи храброст од случувањата во Сирија започна мошне сериозни терористички активности во Турција и реализира напади против цивилното население и безбедносните сили, Давутоглу напомена дека по ова прашање ја информирал и германската канцеларка Ангела Меркел.

Давутоглу рече: „На Меркел и должиме благодарност. Додека во светот и во Европа во однос на бегалците владееше длабока тишина и не се размислуваше да бидат преземени било какви мерки за спречување на оваа човечка трагедија која што продолжува веќе 3 години госпоѓа Меркел обезбеди во Европа да се оформи сериозна свест по ова прашање.“



Слични вести