Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Обама

Американскиот претседател Барак Обама во телефонскиот разговор со претседателот Ердоган ги осуди терористичките напади во Истанбул и Дијарбакир

423558
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со Обама

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама.

Разговорот бил остварен на повик на Обама кој истакнал дека ги осудува крволочните терористички напади во Истанбул и Дијарбакир, а исто така го изразил своето сочувство до претседателот Ердоган и до цела Турција.

Претседателот Ердоган пак му се заблагодарил на Обама за покажаната солидарност и изразеното сочувство поради терористичките напади.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор ја нагласија одлучноста по прашањето на продолжување на соработката во борбата против секој вид тероризам на чело со терористичките организации ДЕАШ и ПКК.

Во разговорот исто така беше истакнато дека по повод посетата што американскиот потпретседател Џо Бајден ќе ја оствари на Турција во сабота детално ќе бидат разгледани различни прашања вклучувајќи ја и борбата против тероризмот.



Слични вести