МНР на Турција го осуди самоубиствениот напад во Пакистан

Турското министерство за надворешни работи објави соопштение со кое го осуди вчерашниот самоубиствен терористички напад во Хајбер во племенската област во Пакистан во кој животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 лица беа повредени

423581
МНР на Турција го осуди самоубиствениот напад во Пакистан

Турција го осуди вчерашниот самоубиствен напад во близина на административната единица Хајбер во племенската област во Пакистан во кој животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 лица беа повредени.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека со големо жалење е дочекана веста за самоубиствениот напад во кој животот го загубија 10 лица, а повеќе од 30 лица беа повредени.

Во соопштението се вели следното: „ Остро го осудуваме овој крволочен терористички акт со кој се има за цел да бидат попречени искрените напори кои што ги вложува Пакистан за воспоставување на спокојството и стабилноста, како и трајниот мир во регионот. Го изразуваме нашето сочувство до пакистанската влада и братскиот пакистански народ поради загинатите, а на повредените им посакуваме побрзо да оздрават. По овој повод уште еднаш ја потврдуваме нашата поддршка на пријателски и братски Пакистан во неговата одлучна борба против тероризмот.“



Слични вести