Ердоган:терористите не можат да ги претстават браќата Курди

Претседателот Ердоган говореше на редовниот состанок со претседателите на месните заедници.

423735
Ердоган:терористите не можат да ги претстават браќата Курди

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека борбата која што се води на крајниот југоисток на земјата не е насочена против курдското население туку против тероризмот и терористите.

Ердоган им се обрати на младите во рамките на сепаратистичко терористичката организација ПКК и рече: Дојдете, вратете се назад додека сеуште е рано. Ние не сакаме да ги гледаме вашите мртви тела на уличните агли,на планините и во речните корита, и да ве гледаме зад затворските решетки, туку сакаме да ве гледаме заедно со вашите семејства, како вредни и лојални граѓани на оваа држава и на овој народ.

Претседателот Ердоган говореше на редовниот состанок со претседателите на месните заедници.

Во говорот претседателот Ердоган се закани дека секој оној кој што држи вперено оружје на турскиот народ и на државата еден ден скапо ќе плати за тоа свое предавство. Сепак, секој оној кој што ќе се покае и кој што ќе им се предаде на безбедносите сили ќе биде широко пречекан од страна на државата.

Претседателот Ердоган во продолжение од говорот истакна дека, откога силите за безбедност целосно ќе го прочистат овој дел од земјава од терористите повторно ќе се воспостави државниот поредок ,ред и мир и повторно ќе профункционираат сите државни органи и тела.

Не може една терористичка организација да ги претставува моите браќа Курди, истакна на крајот од говорот претседателот Ердоган.



Слични вести