Турција спремна за соработка со Бугарија

Приоритетна цел е обемот на надворешно-трговската размена меѓу двете земји да се зголеми на 10 миијарди долари

410248
Турција спремна за соработка со Бугарија

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека во рамките на проект гасоводот ТАНАПТурција е спремна за соработка со Бугарија.

Во рамките на официјалната посета на Бугарија, премиерот Давутоглу се состана со колегата Бојко Борисов.

На заедничката прес конференција што беше одржана по тет-а тет средбата, премиерот Давутоглу рече:

Една од приоритетните цели е обемот на надворешно-трговската разменамеѓу двете земји од 5 милијарди долари во најскоро време да го зголемиме на 10 милијарди долари. Нашиот сон е остварување на железничкиот проект односно брзиот воз кој од Истанбул преку Софија ќе патува за Европа. Исто така сме решителни со помош на автопатиштата и копнените линии да ги поврземе Бугарија и Турција.

Бугарија е порта за Турција која се отвора кон ЕУ. Се надевам дека кога Турција ќе биде примена во ЕУ, ќе имаме можности за поширока и пообемна соработка со Бугарија.

На средбата со премиерот Борисов имавме можност да размениме и мислења во врска со Балканот и регионалните политики, рече премиерот Давутоглу и додаде дека еден од најзначајните проблеми со кои се соочуваме сите е човечката трагедија и проблемот со бегалците кој произлегува од Сирија. Секако дека сите сакаме што поскоро проблемот да се реши во Сирија и да остане во рамките на териториите на оваа земја. Но за жал, како последица на притисокот и злосторствата на варварскиот режим и терористичките организации, луѓето се принудени да бегаат од земјата и да бараат засолниште во Турција, Бугарија и Европа. На последниот состанок на Советот на Европа имавме можност да размениме мислења и да разговараме за нивната управа и проблемите. Во однос на проблемот постои плодна соработка меѓу Турција и Бугарија.

На средбата постигнавме согласност претстојниот состанок на Високиот турско-бугарски совет за соработка да се одржи во април во Софија, рече премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести