Турската политика кон Ирак е многу отворена и принципиелна

Турција има принципиелен став во борбата против тероризмот кој не може да се дискутира

410177
Турската политика кон Ирак е многу отворена и принципиелна

Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека турската политика кон Ирак е многу отворена и принципиелна.

Турција многу повеќе го брани територијалниот интегритет на Ирак од било која друга земја. Никој не треба да се сомнева во добрата волја на Турција, рече премиерот Давутоглу.

Пред посетата на Бугарија, премиерот Давутоглу на прес конференцијата што ја одржа на аеродромот Есенбога во Анкара рече:

Турција има принципиелен став во борбата против тероризмот кој не може да се дискутира. Не само против ДЕАШ, Турција води решителна борба против сите терористички организации како во минатото против Ал Каеда, ПКК и другите и никогаш не гледаше на идентитетот или пак етничкиот или верскиот корен на терористичките организации. Затоа военото присуство на нашите војници во Башика покрај тоа што не претставува никаква закана за територијалниот интегритет на Ирак, исто така претставува еден од најсилните фактори во борбата против тероризмот.

Премиерот Давутоглу во продолжение рече дека исламските земји заедно треба да се ракводат во борбата против тероризмот и дека тоа ќе биде најдобар одговор на сите оние кои се обидуваат да го поистоветуваат исламот со тероризмот. Во тој контекст, без оглед на тоа од чија страна и каде ќе се одржат состаноците за борба против тероризмот, Турција е спремна да го даде својот придонес во борбата против тероризмот. Напорите кои исламските земји ги вложуваат на тоа поле ги оценуваме за поволни чекори напред, рече премиерот Давутоглу.

Турција нема да им дозволи на структурите кои сакаат да воспостават тероризам и да ја вовлечат Турција во темна иднина да наседен на овие игри, премиерот Давутоглу.


Тагови:

Слични вести