Турција повторно претседавач со привремениот совет на ЕУРОКОНТРО

Хајдар Јалчин на последниот состанок на организацијата во Брисел, повторно беше избран за претседател

408412
Турција повторно претседавач со привремениот совет на ЕУРОКОНТРО

Турција повторно претседавач со привремениот совет на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), која важи за најзначајна европска воздухопловна организација.

Заменик генералниот директор за цивилно воздухопловство на ТурцијаХајдар Јалчин уште еднаш беше избран за претседател на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ).

Според соопштението објавено од страна на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство, Јалчин кој во периодот 2014-2015 година ја вршеше функцијата потпретседател на Привремениот совет на ЕУРОКОНТРОЛ, на последниот состанок на организацијата во Брисел, повторно беше избран за претседател на организацијата.

Претседателската должност на Јалчин со Советот на ЕУРОКОНТРОЛ кој има голема улога за интервенирање во усвоените одлуки и зајакнувањето на правото на глас, ќе трае до крајот на 2017 година.


Тагови:

Слични вести