Киримоглу: Русија никогаш не мислеше на своите граѓани

Мустафа Абдулџемил Киримоглу во врска со присутната затегнатост помеѓу Русија и Турција истакна дека на руските власти не им е ниту малку грижа за рускиот народ и дека Русија никогаш не мислеше на своите граѓани

362144
Киримоглу: Русија никогаш не мислеше на своите граѓани

Украинскиот пратеник и одговорен функционер на украинскиот претседател Петро Порошенко за кримските Татари Мустафа Абдулџемил Киримоглу одлуката за спроведување ембарго за прехрамбените производи од Турција за Русија и Крим ја оцени како „најголема глупост на Путин“.

Киримоглу говореше за акциите на кримските Татари и ја критикуваше Русија.

Истакнувајќи дека акциите за стопирање на ТИР камионите со прехрамбени производи кои патуваат од Украина за Крим и за спречување на повторно дистрибуирање електрична струја во Крим не се реализираат за да и се наштети на земјата туку напротив за да се докаже дека Крим не може да опстои без Украина, Киримоглу рече: „Ако и се наштети на Украина независноста на Крим ќе стане сон за нас.“

Велејќи дека како резултат на овие акции Русија ќе се покае поради тоа што го анектира Крим, Киримоглу во врска со присутната затегнатост помеѓу Русија и Турција во последно време го рече следното:

„На руските власти не им е ниту малку грижа за рускиот народ. За нив е значајно да го прикажат пред народот самодоверливиот император. Русија никогаш не мислеше на своите граѓани. Пропагандата што ја вршат сега само е насочена кон внатрешната политика и само за да се рече ’Видете колку сум моќен јас’. Меѓутоа најголемата глупост на Путин е спречувањето на продажбата на прехрамбени производи од Турција на Русија и Крим. Путин мисли дека со овој проблем што го создаде со Турција повторно го зголемува својот рејтинг, меѓутоа во целиот свет само се смее на тоа.“ 


Тагови:

Слични вести