„Бегалците не се само бројка и тие се луѓе"

Амбасадорот на Турција во Берлин Хусејин Авни Карслиоглу истакна дека бегалците не се само бројка туку дека и тие се луѓе исто како и сите други луѓе

407715
„Бегалците не се само бројка и тие се луѓе"

Амбасадорот на Турција во Берлин Хусејин Авни Карслиоглу на состанокот на Турско-германската платформа на ученици и академици за 2015 година што се одржа во германското министерство за надворешни работи истакна дека Европа и Турција треба подеднакво да се разбираат и реализираните терористички напади на 13 ноември во францускииот главен град Париз ги окарактеризира како катастрофа.

Амбасадорот Карслиоглу даде значајни изјави и по прашањето на бегалците кои доаѓаат во Европа при што потсетувајќи дека Турција пет години како се соочува со проблемот со бегалците рече дека Турција низа пати достави предупредувања по ова прашање до Европа, но додаде дека истите не беа сватени и земени во предвид.

Укажувајќи на доселениците, амбасадорот Хусејин Авни Карслиоглу рече: „Тие се луѓе и не се само бројки. И тие се луѓе кои имаат свои надежи, чувства, деца, мајки и татковци. Тие не се само бројки и тие се луѓе исто како и сите други луѓе.“

 


Тагови:

Слични вести