„Турција меѓу првите три земји во доставување хуманитарна помош"

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите три земји во светот кои доставуваат најголема хуманитарна помош на земјите или луѓето кои имаат потреба од помош

407280
„Турција меѓу првите три земји во доставување хуманитарна помош"

Потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган говореше на отворањето на „Меѓународната работилница децата сираци, проблемите, решенијата и стратегиите“ што започна денеска во Истанбул во организација на Меѓународната хуманитарна организација за човекови права ИХХ.

Акдоган истакна дека Турција се наоѓа меѓу првите три земји во светот кои доставуваат најголема хуманитарна помош на земјите или луѓето кои имаат потреба од помош и рече: „Можеби Турција не се наоѓа на првите места во однос на голем број прашања, меѓутоа во однос на едно се наоѓа меѓу првите три земји, а тоа е доставувањето на хуманитарна помош.“

Велејќи дека Турција прави се што е во нејзина можност за изградба на подобар свет за децата, Јалчин Акдоган рече: „Кога станува збор за децата сираци тогаш треба да се покажува поголема милост и да се посветува поголемо внимание. Ова внимание треба да го покажеме сите заедно и за сите деца сираци во светот.“

Осврнувајќи се и на тоа дека во опкружувањето на Турција постојат значајни кризи и се водат воени судири, потпретседателот на Владата Јалчин Акдоган рече: „Во нашите соседни земји и особено на нашите јужни граници речиси и нема државен авторитет. Се водат судири и граѓанска војна. Овие земји се дојдени во региони каде што слободно делуваат терористичките организации. Има човечка драма предизвикана од оваа состојба. Стотици илјади луѓе ги загубија животите, милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и да се иселат. Приближно 2,5 милиони луѓе се засолнаа во Турција каде што им ја отворивме нашата прегратка и ги згриживме.“

 

 


Тагови:

Слични вести