„Ирачката влада во 2014 година побара помош од Турција"

Претседателот Ердоган изјави за Ал Џезира дека против заканата од терористичката организација ДЕАШ ирачката влада во 2014 година побара помош од Турција за обука на ирачките војници

406853
„Ирачката влада во 2014 година побара помош од Турција"

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за телевизијата Ал Џезира на арапски јазик одговараше на актуелни прашања.

Осврнувајќи се на реакцијата на ирачката влада во врска со замената на турската воена единица во регионот на Мусул со нови војници, претседателот Ердоган потсети дека откако терористичката организација ДЕАШ влезе во градот Мусул и почна да ги проширува териториите под своја контрола во северниот дел на Ирак, ирачката влада во 2014 година побара помош од Турција.

Велејќи дека на барање на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади за обучување на ирачките војници од страна на Турција беше формиран камп за обука во подрачјето на Башика во регионот на Мусул, Ердоган рече:; „Досега молчеа, но денеска откако почна да доаѓа до некои нови развои во регионот фрлаат нови чекори.“

Претседателот Ердоган истакна дека регионот поминува од огнен обрач и дека под изговор на ДЕАШ голем број земји влегоа во регионот и во Сирија.

Ердоган рече: „Не станува збор за судир на Русија со ДЕАШ во вистинска смисла на зборот или за евентуална операција против ДЕАШ.“

Укажувајќи на тоа дека руските воени авиони претежно летаат во регионот каде што живеат Туркменци, над северните делови на Латакија каде што се наоѓаат планината Кизилдаг и Туркменската планина при што ги бомбардираат овие подрачја, Ердоган напомена дека руските воени авиони не ги бомбардираат подрачјата каде што ја има терористичката организација ДЕАШ.

На едно поставено прашање „Дали со анализата на црната кутија на рускиот воен авион кој беше соборен поради нарушување на турскиот воздушен простор можат да бидат потврдени тврдењата на Русија дека нејзиниот авион не го прекршил турскиот воздушен простор?, претседателот Ердоган истакна дека Генералштабот располага со радарски снимки кои што беа и објавени, а во кои јасно се гледа дека рускиот воен авион во времетраење од 5 минути дури 10 пати бил предупреден.

Ердоган додаде дека радарските локации утврдени од страна на Турција се потврдени и од страна на НАТО.

Нагласувајќи дека Турција никогаш не беше на страната на затегнатост и дека Таа не сака затегнатост но Русија инсистира на затегнатост, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган начинот на однесување на рускиот војник со ракетен фрлач на рамото на рускиот воен брод при поминување низ Босфорот, го окараткеризира како детски начин на однесување.


Тагови:

Слични вести