Ердоган и Оланд остварија телефонски разговор

Двајцата лидери разговорале за борбата против климатските промени, конференцијата во Париз и последните случувања во регионот во рамките на борбата против тероризмот

406707
Ердоган и Оланд остварија телефонски разговор

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со францускиот претседател Франсоа Оланд.

Според добиени информации од кабинетот на претседателот во разговорот станало збор за борбата против климатските промени и конференцијата на ОН за климатски промени во Париз.

Претседателот Ердоган истакнал дека му придава значење на постигнувањето на успех на конференцијата во Париз.

Освен тоа Ердоган потсетил дека значајно е во договорот од Париз да бидат внесени и предлозите на Турција.

Двајцата лидери се осврнале и на последните случувања во регионот во рамките на борбата против тероризмот.


Тагови:

Слични вести