Давутоглу оствари телефонски разговор со Бајден

На дневен ред на телефонскиот разговор беа случувањата во врска со военото присуство на Турција во регионот на Мусул во Ирак

405709
Давутоглу оствари телефонски разговор со Бајден

Премиерот Ахмет Давутоглу оствари телефонски разговор со американскиот потпретседател Џо Бајден посветен на случувањата во Ирак.

Во телефонскиот разговор кој што бил остварен на барање на Бајден, премиерот Давутоглу истакна дека Турција во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ ќе продолжи да го дава својот придонес на ирачката влада во координација.

Давутоглу го информира американскиот потпретседател Џо Бајден во однос на воениот камп за обука на локалните сили формиран во подрачјето на Башика во регионот на Мусул, во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Истакнувајќи дека Турција со голема чувствителност застанува во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак, Давутоглу нагласи дека истата чувствителност се очекува од сите други земји.

Премиерот Ахмет Давутоглу и американскиот потпретседател Џо Бајден во телефонскиот разговор постигнаа компромис за повторно контактирање согласно случувањата во наредниот период 


Тагови:

Слични вести